Дијатрета -најзначаен и најлуксузен наод од доцно античкиот период

Во денешниот #MuseumMonday ви го претставуваме најзначајниот и најлуксузниот наод пронајден во доцно античкиот период – стаклената чаша Дијатрета.
👇
Дијатретата преставува вистинска реткост во светот и од неа се пронајдени само неколку добро сочувани чаши, меѓу кои е и нашиот експонат.

Стаклената чаша датира од 4 ти век и во Македонија е пронајдена во 1982 год во доцноримски гроб на локалитетот Таранеш, Дебар од археологот Милан Ивановски. Богатиот инвентар пронајден во гробниците зборува за високата општествена положба на покојникот.
Археолозите сметаат дека постојат два вида на чаши Диатрета, со фигурален украс и со мрежест дел. Дијaтретата од Таранеш е
келнски тип, најбогато декорирана.

Овој тип на чаши се луксузни производи кои најверојатно служеле за свечено церемонијално пиење бидејќи ги поседувале само припадниците на повисоките општествени слоеви. Исто така се смета дека чашите се изработувале само по нарачка.
На сите чаши во горниот дел има натпис (BIBE VIVAS MULTIS ANNIS) кој отрпилика порачува: „АКО ПИЕШ, ЌЕ ЖИВЕЕШ ДОЛГО И СРЕЌНО.“
👇
https://www.fakulteti.mk/…/najgolemite_kulturni_bogatstva_n…