Учество на археолошки европски саеми, 2015 – Салерно,Италија и во Лувр, Париз

  • Post category:Настани
  • Reading time:1 mins read

Република Македонија со штанд претставуван од Управата за заштита на културното наследство (УЗКН) учествува на 19. Медитеранска берза за археолошки туризам, која од 29 октомври до 1 ноември се одржа во Салерно, Италија.Веднаш  потоа од 4-ти до 8 Ноември  вбројувајки се помеѓу 350 земји учесници,  Р.Македонија за прв пат зеде учество и во Франција на Меѓународниот саем за културно наследство, претставувајки се со свој штанд во престижниот изложбен простор во Карусел во Лувр. Главни културни добра на штандот беа 10 –те публикации за археолошките локалитети во Р.М. кои со помош на министерството за култура неодамна беа издадени како први од едицијата од 130 публикации за културно наследство.

На овие  европски саеми за културно наследство  годинава присуствуваа проф.д-р Виктор Лилчиќ-Адамс, директор на Управата за заштита на културното наследство, Весела Честоева, директорка на НУ Археолошки музеј на Македонија, како и др.претставници.