Настан манифестација „Недела на археологијата“

  • Post category:Настани
  • Reading time:1 mins read

„Недела на Археологијата“ е проект подржан од Министерството за Култура и организиран од страна на Археолошкиот Музеј на Македонија. Тој се одржа во просториите на Археолошкиот Музеј на Македонија во периодот од 23 до 25 Декември 2014 година.

Замислата на оваа манифестација е да прерасне во традиција која при крајот на секоја година ќе претставува сублимат на археолошките активности, а ќе се обиде да даде одговори на загатнати научни проблеми, за  најновите дострели во областа на археологијата, заштитата на културното наследство и сродните дисциплини. На 23 Декември 2014 година во просториите на музејот за отворена ја прогласи Директорот на музејот Весела Честоева , а предавања одржаа : Проф д-р Виктор Лилчиќ, директор на Управа за заштита на културното наследство под насловот : „Историскиот развој, моменталната состојба, и перспективите на археологијата во Р. Македонија“; М-р Перо Арџанлиев одржа предавање под наслов: „МЕСТА НА КОНТАКТИ  Златните лица на Македонските кралеви“, заедно со промоција на каталогот „Во сенка на божествената Изида“.

Воедно беше отворена и изложбата „МЕСТА НА КОНТАКТИ  Златните лица на Македонските кралеви“ како дел од поставката на Археолошкиот Музеј на Македонија.

Манифестацијата „Недела на Археологијата“ продолжи со предавања на проф. д-р Драги Митревски на тема „Пајонскиот народ и култура во областа на археологијата“ проф. д-р Елизабета Димитрова на тема: „Средновековните ктитори во Македонија“ и м-р Горан Санев, д-р Александар Постоловски и м-р Гоце Наумов на тема: „Користењето на нови технологии на археолошки ископувања“