Античката цивилизација се нарекува и цивилизација во камен, бидејќи сите важни државни документи 📜 (закони, декрети и сл.), но и личните работи се запишувале на камен.
Едно од најзначајните места меѓу овие приватни пораки им припаѓа на камените артефакти посветени на боговите и божиците во кои верувале луѓето во античко време.
__
Тоа се плочи со релјефни претстави или статуи на кои се претставени боговите или божиците на кои понекогаш се испишувале молитвите за здравје, за среќа, за благодет. Овие предмети биле поставувани во храмовите и светилиштата.
👇
Денес преку проектот #МузејскаЕдукација преку #Цртежи 🎨 Ви го претставуваме релјефот најден во село Штавица, Прилепско, кој потекнува од римскиот период.
Посветен е на Артемида, ќерка на врховниот бог Ѕевс и Лета, сестра близначка на богот Аполон. Била почитувана како божица на ловот, дивите животни, но и како заштитничка на девојките и жените .
👉 За нејзиното значење во античката религија зборува фактот дека нејзиниот храм во Ефес, денешна Турција бил прогласен за едно од 7️⃣-те чуда на античкиот свет.
__
На нашиот релјеф Артемида е претставена со собрана коса и облечена е во краток двојно препашан фустан под градите и во чизми. Античките божици вообичаено имаат долги облеки и носат сандали, но облеката на Артемида е приспособена за честиот лов низ шумите, во постојана придружба на куче, елен и срна. Божицата на ловот секогаш на грбот носела тоболец со стрели и лак.
👇
Предизвик за цртеж бр. 1️⃣1️⃣🎨: Нацртајте како се облекувала божицата Артемида кога одела на лов, што носела секогаш на грбот и нацртајте кој ја придружувал (куче, елен или срна) 😊