Портретот на Томазо Ингирами се смета дека е прва слика во која Рафаело внел движење

Томазо бил ренесансен хуманист, оратор, образован човек и претставник на римската интелектуална елита.

Од мал е воспитуван во дворот на Лоренцо Медичи кој веднаш го препознава неговиот потенцијал и го препраќа во Рим кај неговите двајца чичковци кои се на високи црковни позиции во Ватикан. Добива чин на ѓакон, а во 1510 г. станува префект на Апостолската библиотека. Познат е и под прекарот ,,Федра” бидејќи ја играл главната ролја во истоимената трагедија на Сенека.

Портретот на Томазо Ингирами

Се претпоставува дека се запознал со Рафаело додека ги сликал станците во Ватикан.

На портретот изработен од Рафаело е прикажан во црвена одежда со бел појас и црвена капа, така што ликот доаѓа до израз наспроти темната позадина која првобитно била зелена завеса обоена со исти светли контрасни бои, особина карактеристична и во портретите на Јулие II и кардиналот Бибиена.

Рафаело го поставува Томазо Ингирами во став на движење на раката која се спрема да пишува, додека во исто време се служи со отворената книга на говорницата. Иако го опкружува ликот со одбрана атмосфера, Рафаело длабоко гледа на неговиот автентичен човечки изглед и успева со суптилни потези на бојата и светлоста да ја опише секоја линија на лицето. Така се приметува свежо избричената брада, опуштена брада која ја допира ивицата на огртачот, меснатите раце врз хартијата, па дури и стребизмот по кој бил познат.

Овој портрет (масло на дрво) денес е изложен во Галерија Палатина во Фиренца. Изработен е во Рим околу 1512-1513 г.

Постои уште една верзија на овој портрет која се смета за автентична и се наоѓа во ,,Изабела Стјуард Гарден Музеј” во Бостон

Имено освен на овој портрет, Рафаело го насликал Томазо и во сцената Атинска школа каде е претставен неговиот лик во личноста на Епикур.