Светлината и светилката како нејзин извор, се неопходен елемент на човековото опстојување во секојдневниот живот од раѓањето до смртта. Според Хераклитовиот материјализам, праоснова на сите предмети и појави во светот е огнот, така што и животот е сфатен врз основа на огнениот принцип.
Светилката ја внесува светлината во секојдневието, во домот, во обредите. Затоа светлоста што ја шири таа, се сметала за симбол на мудроста и побожноста.
За денешниот #MuseumMonday ви ја претставуваме втората бронзена светилка од Стоби, датирана од V век.
👇
Дискот е со издолжена форма и има издолжен клун, кој завршува со кружен отвор. Држалката е во форма на срцовиден лист во кој е вметнат крст. Капакот е рамен со додадот за држење. На клунот има алка за прикачување синџир.
Поретко светилките имале и симболично значење и се употребувале за верски обреди или се ставале во гробовите како прилог кој го следи покојникот. Во доцноримското време се верувало дека нивната светлина ја симболизира светлината на Божјиот збор. Проучувањето и анализата на светилките, според карактеристиките и компаративниот материјал дава корисни податоци за продорот на римската цивилизација и култура во нашите краеви, како и за развиените трговски врски.