Маркетинг и односи со јавност

  • Post category:Одделенија
  • Reading time:1 mins read

Примарни цели на одделот за маркетинг и односи со јавност

  • Развој и имплементација на стратегија за комуникација со цел подобрување на присуството и видливоста на музејот на социјалните мрежи, веб страна, медиуми и портали.
  • Идентификување индикатори за мерење и евалуација на ефикасноста на сите комуникациски активности
  • Координација и логистика за промоција на изложби, конференции и други настани
  • Организација на настани и протокол
  • Развивање и имплементација на план за унапредување на веб страната на музејот и нејзино редовно ажурирање
  • Подготовка на комуникациските материјали како соопштенија за медиуми
  • Имплементација на активности и проекти со кои се гради и одржува позитивниот имиџ на институцијата во јавноста
  • Воспоставување и одржување на деловни соработки со туристички работници, подготовка и имплементација на договорите за соработка со цел промоција и зголемување на посетеноста од странски туристи
  • Учество на туристички берзи
  • Деловни комуникации и воспоставување на соработки со другите институции, хуманитарни организации, училишта
  • Анализи и препорака за брендирање, позиционирање, подготовка и печатење на промотивни материјали
  • План за дистрибуција на печатени рекламни материјали
  • Ја следи продажбата и повратното задоволство од посетителите
  • Организација и имплементација за учество на музејот во светски манифестации

Контакт: 

Советник за маркетинг

м-р Лидија Илковска Јанушева – lidijailkovska@gmail.com