Потпишан договорот со Народниот Музеј од Белград за изложбата ,,100 год. Требениште”

  • Post category:Новости
  • Reading time:1 mins read

Денес, во Народниот Музеј Белград, Р.Србија, директорот на Археолошкиот музеј на Македонија, м-р Горан Санев и директорката на Народниот Музеј Белград, Р.Србија, м-р Бојана Борич Брешкович го потпишаа договорот за соработка и реализација на заедничката изложба во чест на јубилејот „100 години од откривањето на некрополата Требениште, кај Охрид, Р.Македонија“, настан чие отворање се планира во ноември оваа година во НУ Археолошкиот Музеј на Македонија.

Преку оваа заедничка изложба на Р.Македонија, Р.Бугарија и Р.Србија, ексклузивните наоди од ова наоѓалиште кои се денес изложени во музеите во Софија, Белград и Охрид по прв пат во историјата ќе бидат претставени како целина, а изложбата, по претставувањето пред македонската јавност, во 2019 година ќе биде поставена во Софија, а потоа и во Белград.

Склучените договори на Археолошкиот Музеј на Македонија со Народниот Музеј Белград од Р.Србија и Националниот Археолошки Институт и Музеј при Бугарската академија на науки во Софија, се почеток и најава на една долга и успешна меѓународна соработка и за потанамошни интернационални проекти.