,,100 години Требениште” избран за Музејски проект за 2019 г.

,,100 години Требениште” избран за Музејски проект за 2019 г.

Со гордост ве информираме дека меѓународниот проект ,,100 години Требениште”, е добитник на наградата Музејски проект за 2019 г. на објавениот конкурс од МНК ИКОМ
за Годишната награда 18 мај – Меѓународен ден на музеите за особени достигнувања во музејската дејност за 2019 и 2020 г.
Ексклузивната изложба ,,100 години Требениште” несомнено ја одбележа 2019 г., со посетеност од над 12.000 посетители. Интересот за оваа изложба и понатаму е голем, а за тоа говори и бројката на виртуелни посетители која секојдневно расте.
Ја потсетуваме јавноста дека изложбата следно ќе биде претставена пред српската и бугарската јавност, а потоа ќе гостува во останатите европски земји кои покажаа голем интерес.
Воедно и честитаме и на нашата надворешна соработничка за односи со јавност, Ива Лабан, која доби пофалница во категоријата Надворешен музејски соработник за 2020 г.