Археолошкиот музеј организираше посета на археолошките локалитети Куклици и Коњух за средношколците од СУГС ,,Никола Карев”
Средношколците имаа можност да се запознаат со феноменот земјени пирамиди или камени кукли во Куклици, кои во светски рамки претставуваат ретка појава.
Затоа ова наоѓалиште е заштитено како природна реткост. Локалитетот Големо Градиште пак, сместен во атарот на кратовското село Коњух, е локацијата на најголемиот доцноантички град помеѓу Скупи и Пауталија, кој несомнено претставувал важно и богато административно, индустриско (рударско), трговско и црковно седиште во овој дел на провинцијата Дарданија.
Организираните посети на локалитети за ученици и студенти ќе продолжат и понатаму бидејќи едукацијата е наш приоритет.