Отворена изложбата ,,Raffaelo: Opera Omnia”

Вчеравечер се одржа отворањето на изложбата ,,Raffaelo: Opera Omnia” со која се одбележа започнувањето на ,,Неделата на италијанскиот јазик во светот”.
Поради почитување на протоколот утврден за посета на музеи и одржување на настани во затворен простор, отворањето беше од затворен тип со строго утврден број на гости.

На отворањето се обратија директорката на Археолошкиот музеј, г-а Славица Бабамова и Абасадорот на Италија, Н.Е. Андреа Силвестри.

Настанот беше испочитуван и од премиерот на РСМ, г. Зоран Заев кој испрати свое писмено обраќање до присутните.

За реализацијата на оваа изложба им должиме посебна благодарност на Мирко Мерлетти од РаиКом, на стручниот тим од Археолошкиот музеј: Ирена Колиштркоска Настева, комесар на изложбата, Марјан Јагликовски, извонреден познавач на ренесансната уметност, Мартин Гиевски, Елена Рафајловска, Ива Лабан, Марија Колевска Димишковска, Стеван Илијевиќ, Иванчо Велков, Бранислав Атанасковиќ, Марина Спирова, Наталија Данаилова, Лидија Илковска – Јанушева, Ивица Стојановиќ и Реџеп Беќировски.

Во рамките на својата стратегија за посебно внимание кон едукацијата на сите возрасни групи и инклузивноста на музејот, а во целосна согласност со заложбите на Амбасадата на Италија во Скопје, за посета на оваа изложба ќе се организираат и едукативни работилници и предавања за кои веќе се повикани училиштата од сите нивоа во Република Северна Македонија: основни, средни и високи.

Изложбата ќе биде отворена за посетители до 20.12.2021 г., влезот е бесплатен.