Во рамки на најавениот настан по повод манифестацијата „Европски денови на културнотo наследство“ во согласност со годинешната тема на манифестацијата – „Културно наследство за сите“ ги поканивме членовите на дневниот центар „Доза среќа“ коишто досега го немаа посетено музејот.
Покрај посетата на постојаната музејска поставка, беше организирана и работилница во едукативното катче на музејот.
По разгледувањето на музејските експонати, заедно моделиравме примероци од глина. Воодушевени сме од заинтересираноста на нашите драги пријатели кои се потрудија да изработат приказ на разни предмети, а на крај ни се претставија и со нивна изведба на песна, оро, како и кореографија на омилениот Хип Хоп –микс.
Иако за музејот не е прв пат да пречекува групи со попреченост, самата манифестација Европски денови на културносто наследство е со цел – подигање на свеста за заедничкото културно историско наследство на ниво на цела Европа, и кое што треба да биде достапно за сите.