Делегација од Европски центар за византиски и поствизантиски споменици од Грција вчера после работната средба во Министерството за култура, го посети Куршумли ан и Археолошкиот музеј на РСМ.
На г-а Флора Карагијани од Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици (ЕКБММ) и г-а Марија Мерцани, раководител на Дирекцијата за конзервација на антички и современи споменици, им беше презентирано богатото движно културно наследство изложено во музејот, како и еден од најубавите споменици на културата во градот, Куршумли ан.
Европскиот центар остварува долгогодишна соработка со УНЕСКО, Советот на Европа и други европски и меѓународни организации и инстутиции и во текот на своето дведецениско постоење бележи поширок спектар на делување кој опфаќа организирање на курсеви и обуки, доделување стипендии за научни студии, учество во научно-истражувачки проекти, како и учество во национални или меѓународни програми за научно истражување и технолошки развој.