Археолошкиот музеј дел од манифестацијата ,,Струмица, град на културата”

  • Post category:Настани
  • Reading time:3 mins read
Вечерва, Археолошкиот музеј беше дел од манифестацијата ,,Струмица, град на културата” со премиерно прикажување на документарниот филм за Неолитското село или Музејот под отворено небо ,,Тумба Маџари”.
Документарниот филм е од едукативен карактер кој има за цел поголема популаризација на археолошкиот локалитет Тумба Маџари, како и запознавање на пошироката јавност за вредностите на неолитската култура на територијата на Македонија.
На настанот се обрати директорката на музејот, д-р Славица Бабамова која  упати благодарност до тимот кој придонесе за реализација на видеото
👇
📑 сценарио и текст –  Елена Канзурова
📽 видео и монтажа – Мартин Гиевски
📸 фотографија – Бранислав Атанасковиќ
🎤 нарација – Марина Спирова
*Заслужни за реализацијата и отворањето на Неолитското село ,,Тумба Маџари” се нашиот покоен колега д-р Драгиша Здравковски, м-р Елена Канзурова и Тони Митрев.