Археолошкиот музеј дел од Трамболини 2021

Археолошкиот музеј и оваа година беше дел од фестивалот на детска креативност #Trambolini2021 кој е во организација на ЈУ Детски културен центар Карпош и Град Скопје.
Преку едукативната работилница ,,Мали археолози” на децата им беше дадена можност да станат вистински
археолози кои на креативен начин научија што е всушност археологијата.
Покрај тоа што на еден ден се најдоа во улога на мали истражувачи, учесниците во работилницата дознаа како под површината на земјата лежи цел свет во кој никој никогаш не знае што ќе се најде.