На 08.06.2022 во Охрид, како дел од самитот Отворен Балкан, се одржа панел сесија Отворен Балкан отвора култура, на која се разговараше за огромните можности за културна соработка меѓу државите од западен Балкан.
На покана на министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, на сесијата присуствуваше в.д. директорката на Археолошкиот музеј, Славица Бабамова.