Министерката за култура, Ирена Стефоска денес ја посети изложбата ,,Raffaelo: Opera Omnia”
Министерката беше пречекана од Амбасадорот на Италија во РСМ, Н.Е Андреа Силвестри и д-р Славица Бабамова, в.д директорката на Археолошкиот музеј.
Водич на денешната посета беше нашиот колега, кустосот Марјан Јагликовски кој го пренесе своето големо знаење од областа на ренесансата и ја доближи приказната која стои зад секој од изложените портрети до присутните.