Античка божица на убавината, Венера (Афродита)

Во денешниот #MuseumMonday ви ја претставуваме античката божица на убавината, љубовта и копнежот, Венера (Афродита).
👇
Оваа исклучителна претстава е клучниот момент од неверојатната приказна за изборот на најубавата божица, а воедно и најубавата жена на светот.
За судија на истиот случајно бил назначен Парис од Троја. Иако изборот требало да биде само според убавината на голите тела на божиците, неодлучниот Парис се одлучил за Венера само по нејзиното ветување дека за возврат на изборот тој ќе ја омажи најубавата смртничка на светот, Елена.
Ова остварено ветување, за кратко време ќе стане директен повод за најголемата војна дотогаш, Тројанската.
На нашата фигурина, божицата ни е прикажана во врвна убавина според сите тогашни антички норми. Таа гордо стои гола и исправена во елегантна поза со неверојатна фризура, впечатливи обетки и марама на вратот, истовремено отфрлајќи го и последното парче облека кое таа го има на себе. Во левата рака таа гордо го држи и покажува златно јаболко како најубава.

Датирана од Римски период, II-III век, пронајдена на лок. Исар, с.Марвинци, Валандово.

 

Античка божица на убавината, Венера (Афродита)