Златниот човек – Казахстанскиот Тутанкамон изложен во Археолошкиот музеј

  • Post category:Настани
  • Reading time:1 mins read

Синоќа во НУ Археолошки музеј на Република Северна Македонија свечено беше отворена изложбата „Великата степа: историја и култура“ на Националниот музеј на Република Казахстан, како дел од проектот „Патувањето на златниот човек низ музеите ширум светот“.

Во присуство на претставници на дипломатскиот кор на Република Северна Македонија, претставници на Министерството за култура и голем број гости, изложбата ја отвори министерот за култура г. Хусни Исмаили, кој истакна дека оваа изложба на Националниот музеј на Република Казахстан, од Нур Султан, ќе ни ја доближи земјата што ја живее својата цивилизациска сегашност врз темелите на сопственото богато минато.

На изложбата се претставени извонредни уметнички дела, кои се непроценливо богатство на великата степа. Овие уметнички дела се тивки сведоци на историјата на степските империи, прикажуваат сцени кои раскажуваат за големи победи и неверојатни историски настани. Секој предмет станува мистерија со скриен код. Целта на изложбата е да се разбере значењето, перцепцијата и да се бара клучот за кодот на секој пр

едмет.
Претходно (2017-2018) во рамките на овој меѓународен проект, изложбата беше поставена во Минск (Република Белорусија), Москва (Руска Федерација), Баку (Република Азербејџан), Шиан (Кина), Гдањск (Полска), Сеул (Република Кореја). Проектот, кој ги претставува културните вредности на великата степа пред светот, ќе ги опфати и Источна Азија (Јапонија, Кореја), Југоисточна Азија (Кина, Малезија), Европа (Обединетото Кралство, Австрија, Франција, Турција, Италија, Шпанија) и Соединетите Американски Држави.
Оваа година изложбата ги посети Казан (Руската Федерација) и Ташкент (Република Узбекистан), каде што посетителите се запознаа со потеклото на материјалната и духовната култура на великата степа.

Македонската публика ќе биде во можност да ја посети оваа изложба до средината на август.