Започнаа подготовките за големата интернационална и јубилејна изложба ,,100 години Требениште”

  • Post category:Новости
  • Reading time:1 mins read

Археолошкиот музеј на Македонија во ноември ќе го одржи отворањето на интернационалната изложба насловена ,,100 години  Требениште ”.

Поради подготовките кои се во тек, вториот кат од поставката на музејот е затворен за посетителите.

Изложбата се организира во соработка со Народниот музеј од Белград и Националниот археолошки институт и музеј при Бугарската академија на науки во Софија и ќе биде прва изложба од ваков тип на овие простори.

Преку оваа заедничка изложба на Р.Македонија, Р.Бугарија и Р.Србија, ексклузивните наоди од ова наоѓалиште кои се денес изложени во музеите во Софија, Белград и Охрид за прв пат во историјата ќе бидат претставени како целина,  а изложбата по претставувањето пред македонската јавност, во 2019 година ќе биде поставена во Софија, а потоа и во Белград.