Археолошкиот музеј на Македонија во ноември ќе го одржи отворањето на интернационалната изложба насловена ,,100 години Требениште ”.
Поради подготовките кои се во тек, вториот кат од поставката на музејот е затворен за посетителите.
Изложбата се организира во соработка со Народниот музеј од Белград и Националниот археолошки институт и музеј при Бугарската академија на науки во Софија и ќе биде прва изложба од ваков тип на овие простори.
Преку оваа заедничка изложба на Р.Македонија, Р.Бугарија и Р.Србија, ексклузивните наоди од ова наоѓалиште кои се денес изложени во музеите во Софија, Белград и Охрид за прв пат во историјата ќе бидат претставени како целина, а изложбата по претставувањето пред македонската јавност, во 2019 година ќе биде поставена во Софија, а потоа и во Белград.