Започна реализацијата на македонско – чешкиот истражувачки проект насловен:
“Погранични студии. Истражување на идентитетот и културните контакти во пограничната област на античка Македонија (Охридско езеро)”
Овој меѓународен археолошки проект е соработка помеѓу Археолошкиот музеј во Скопје и Карловиот универзитет во Прага. Главна цел е да се овозможи археолошко и архитектонско истражување и развој на општините Дебарца, Охрид, Ресен и Струга, со можност за проширување на полето на работа преку геолошки и геофизички истражувања, како и археолошки ископувања.
Раководители на овој проект се м-р Перо Арџанлиев од Археолошкиот музеј, Скопје и д-р Марек Верчик од Карловиот универзитет, Прага.