Кустос советникот м-р Перо Арџанлиев, викендов присуствуваше на конференцијата VLAC “Visual Languages of Ancient Coins” која се одржа во Универзитетот Гете во Франкфурт, Германија.

Тема на овогодинешната конференција беше “Tracing the locals. The local world of Mediterranean landscapes in Greek and Roman coinage”, на која м-р Перо Арџанлиев одржа презентација на тема “The coinage of the Dassaretai and their urban center”. Во фокусот на оваа конференција се монетите како визуелни медиуми.