Tрета интернационална конференција – Перспективите на балканската археологија (ПеБА) – 25 – 28 мај 2022

  • Post category:Новости
  • Reading time:1 mins read


Охрид е домаќин на третата интернационална конференција – Перспективите на балканската археологија (ПеБА) која ќе се одржи од 25 – 28 мај.

Воведно обраќање на отворањето на конференцијата кое се одржа во црквата Св. Софија имаше проф. д-р Христо Попов, директор на Националниот археолошки институт и музеј при БАН во Софија, Бугарија.

Во фокусот на овогодинешната конференција – Перспективите на балканската археологија (ПеБА) ќе биде „Механизмот на моќта во бронзеното и железното време во Југоисточна Европа”. Интересот за научното истражување на темата елита и моќ во Југоисточна Европа започнува со откривањето на т.н кнежевски гробови и извонредните наоди пронајдени на некрополата Требениште и висорамнината Гласинац кон крајот на 19 ти и почетокот на 20 ти век.


Конференцијата е во организација на врвни научници од областа на археологијата од Европа и тоа: д-р Марио Гавранович од Австриската академија на науки во Виена, д-р Даниела Хајлман од Универзитет Лудвиг Максимилијан во Минхен, д-р Марек Верчик од Институт за класична археологија при Карловиот Универзитет во Прага во соработка со м-р Перо Арџанлиев од Археолошкиот музеј на РСМ во Скопје.


Помеѓу учесниците на третата по ред ПеБА има претставници од Австрија, Албанија, Белгија, Бугарија, Германија, Грција, Италија, Србија, Турција, Хрватска, Чешка, Швајцарија и Северна Македонија.