Проект ПРОМЕТЕЈ

Промовирање на универзалните вредности преку дигиталната епиграфика и културното наследство

Епиграфските споменици се важен дел од културното наследство и важен извор на информации за минатото. Тие сведочат за сите аспекти на човечката цивилизација и се корисно помагало за препознавање и промоција на универзалните човечки вредности. Во изминатите децении, епиграфиката значително еволуираше како дигитален домен. Постојат различни дигитални корпуси и иницијативи што ја промовираат употребата на дигиталната технологија за приближување на содржината на натписите до пошироката публика. Земјите од Југоисточна Европа и Балканот имаат значајно античко епиграфско наследство, па сепак нивните дигитални епиграфски ресурси не се доволно развиени, а музеите имаат потреба од нови модели за развој на публиката.

Прочитај повеќе...

Целта на соработката во рамките на проектот „Прометеј“ е да се спојат постојните успешни практики во дигиталната епиграфика, и употребата на епиграфиката за едукација заради создавање на збирка на дигитални натписи од регионите на Северна Македонија, Бугарија и Србија, придружена со дигитални ресурси што ќе послужат како алатка за активно ангажирање на публиката во препознавање на важноста на приказните на епиграфските споменици и универзалните вредности што тие ги споделуваат.

Овој проект ја поттикнува транснационалната соработка во областа на дигиталната епиграфика и културното наследство помеѓу културните, образовните и научните институции во земјите од Југоисточна Европа, Балканот и други земји. Исто така, ги надградува капацитетите за создавање на дигитални епиграфски корпуси и имплементација на постојните и развој на нови ресурси и модели за ангажирање на публиката, така што секој да може да ги препознае универзалните вредности како врска помеѓу минатото, сегашноста и иднината.

Дигиталната содржина создадена како резултат на овој проект ќе биде со отворен пристап и така локалните епиграфски споменици ќе станат достапни за различни публики од разни делови на светот за проучување како историски извор, за користење за едукативни цели и заради препознавање на нивната вредност како европско културно наследство.

Упатство

 за користење на дигиталната збирка натписи

Повеќе...

Посетете ја веб-страницата на проектот Прометеј

Веб-страницата е опремена со сите неопходни карактеристики и функционалности за да ги постигне своите цели. Таа располага со функционален основен систем за управување со содржини, со алатка на предниот дел (front-end) за обработка на XML-датотеки за базата на податоци EpiDoc, како и со навигациска лента составена од менија како што се: Натписи, Индекси, Прирачник, Приказни и Проект.

Прочитај повеќе...

Колекцијата опфаќа натписи од три различни римски провинции, кои датираат од периодот на раниот принципат во европската историја (I–III век н.е.), и таа е достапна на веб-страницата. Натписите се кодирани со користење на означувачки јазици како што е TEI XML. Овој процес вклучува транскрипција на текстот, анотација на особеностите (како што се скратеници, лигатури и прекини на редови) и обезбедување метаподатоци (како што се потекло, датум и материјал).

Ова им овозможува на истражувачите да ги пребаруваат, споредуваат и анализираат натписите во различни контексти. Покрај самата транскрипција, дигиталната епиграфија, како и нашата веб-страница, вклучува и семантички информации. На пример, личните имиња се поврзуваат со просопографски бази на податоци, а се идентификуваат и географските локации. Дигиталните алатки овозможуваат интерактивни визуелизации на натписите, со што истражувачите можат да ги проучуваат просторно, временски или според специфични критериуми. Дигиталните платформи, исто така, ја олеснуваат соработката меѓу научниците ширум светот.

Активности

Активностите на проектот се организирани во пет работни пакети:

  1. Менаџирање на проектот, администрација и координација, одговорен e координаторот на проектот, Археолошки музеј на Република Северна Македонија, Скопје
  2. Зајакнување на капацитетите, одговорен партнер е Балканолошки институт при САНУ, Р. Србија
  3. Вмрежување и споделување на знаење, одговорен партнер е Универзитетот во Белград, Филозофски факултет, Р. Србија
  4.  Дигитизација на епиграфски споменици, одговорен партнер Универзитет во Софија
  5.  Комуникација и дисеминација, одговорен партнер Филозофски факултет, УКИМ, Скопје

Предавања

Николај Шаранков, „Епиграфската практика во античка Тракија“

Војин Недељковиќ, „Тажната судбина на еден мирољубив граѓанин“

Slavica Babamova - Inscriptions as historical documents: Roman Macedonia between East and West

Партнери