Прес-конференција и промоција на каталогот ,,100 години Требениште”

  • Post category:Настани
  • Reading time:1 mins read

Денес во Археолошкиот музеј се одржа прес-конференција и промоција на ексклузивниот каталог за изложбата ,,100 години Требениште”.

По две години интензивни преговори и подготовки за одбележувањето на 100 годишнината од откривањето на некрополата на локалитетот Требениште, ни претставува особена чест и задоволство да објавиме дека оваа изложба која е од особено значење во археологијата, не само во Македонија, туку и на Балканот, а и пошироко ќе биде отворена за посетители од март до август оваа година.

Каталогот кој е плод на посветената работа на еминентните археолози од Македонија, Србија и Бугарија и е специјално изготвен за оваа изложба е пуштен во продажба во Археолошкиот музеј.

Поради интересот од европската јавност за претставување на оваа изложба во Париз, Берлин, Виена и Загреб, ексклузивниот каталог е на англиски јазик и е изработен од 26 автори.

На денешниот настан говореа директорот на Археолошкиот музеј, Горан Санев, Татјана Цветичанин во име на директорката на Народниот музеј во Белград, Бојана Борич Брешковиќ, директорот на Националниот археолошки институт и музеј при Бугарската академија на науки во Софија , Христо Попов, кустос советникот Вера Крстич од Народниот музеј во Белград ,  кустос советникот Перо Арџанлиев (АММ) како и редакторите на каталогот Александра Папазовска (АММ).