Посејдон, богот на морето

Во денешниот #MuseumMonday ви претставуваме појасна тока со претстава на богот на морето Посејдон, датирана од крајот на 4 век пр.н.е. пронајдена на локалитетот Орманков гроб, с. Тремник, Општина Неготино.
👇
Кога светот се поделил на три дела на Посејдон му припаднало морето, на неговиот брат Зевс му припаднале земјата и небото, а на Ад подземјето. Веднаш по поделбата, богот на морето заминал во Ајгеј каде изградил подземно живеалиште и во пространите штали чувал бели коњи со бронзени потковици, златни гриви и кочии со кои ги смирувал бурите.

На оваа појасна тока која е изработена од злато со техника на лиење, Посејдон е претставен како држи трозабец во неговата лева рака и како јава на два морски коњи кои во грчката митологија се познати како Хипокампи (чудовишта).

Хипокампите имаат специфичен изглед, предниот дел од телото е со изглед на коњ, а задниот дел од телото е како змија и риба, и истите биле користени и од морските божици – нимфи.

 

Посејдон, богот на морето