Вчера во Куршумли ан се состанаа директорите на НУ Археолошки музеј на Република Северна Македонија, Горан Санев, НУ Музеј на Република Северна Македонија, Јован Шурбановски и на Турскиот културен центар ,,Јунус Емре”, Серхат Кула.
Во присуство на стручниот кадар од обата музеја се разговараше за оптимизирање на оперативните начини за отпочнување на реализација на проектот за конзервација и реставрација на Куршумли ан.
Акцент беше ставен на збирката на камени споменици, најстарата музејска колекција во нашата земја, која е сместена во Куршумли ан.