Отворање на изложбата ,,Перуанска Амазонија”

  • Post category:Настани
  • Reading time:1 mins read

Вчеравечер во 19ч. во Археолошкиот музеј на Македонија се одржа отворањето на патувачката изложба насловена ,,Перуанска Амазонија”. Изложбата се реализираше во соработка со Почесниот Конзулат на Перу во Македонија и на истата беа изложени 60тина фотографии од 18 автори.

Почесни гости на изложбата беа заменик амбасадорот на Перу во Романија, г. Карлос Бариос и Почесниот Конзул на Перу во нашата земја, г. Ненад Јаничевич, чија идеја доведе до реализација на изложувањето на оваа импресивна збирка пред македонската публика.

Изложените фотографии ја претставуваат културата на традиционалните амазонски народи, култура која е поинаква од онаа на западната цивилизација. Фотографиите сведочат за животот покрај реката Амазон кој е практично непроменет со векови поради хармоничниот однос на овие заедници со животната средина.

Целта на оваа збирка од 60-тина фотографии не е насочена само да го обиколи светот со цел да прикаже и воодушеви со исклучителната биолошка и културна разноврсност, туку и да не потсети на традиционалната мудрост на домородците која повикува кон заштита на ова богатство на човештвото.