Отворање на изложбата “40 години од првите археолошки истражувања на локалитетот Тумба Маџари”

Манифестацијата “Недела на археологијата” која се реализира петта година по ред и постепено прераснува во традиционален настан на Археолошкиот музеј, започна со денешното отворање на изложбата “40 години од првите археолошки истражувања на локалитетот Тумба Маџари”. Изложбата ќе биде отворена за посетителите два месеци.

На 12 ти декември, (среда) во организација и соработка со “Центарот за истражување на предисторијата” ќе се одржи меѓународна конференција, со учесници од Балканските земји и Европа, насловена “Неолитот во Македонија”.

На 13 ти декември, (четврток) со почеток од 10 часот ќе се одржи предавање за развојот на земјоделието во неолитот во Европа, а со посебен осврт на неолитот во Грција ќе биде предавањето на еминентниот грчки археолог и проф.д-р Костас Котцсакис.

Манифестацијата завршува во петок, со бесплатен влез за посета на музејот под отворено небо – Неолитското село во населбата Маџари (Ченто).

“Недела на археологијата” е финансирана преку годишната програма на Министерството за култура на Република Македонија.