Откриена нова гробна конструкција на локалитетот Градиште – Бучинци

  • Post category:Новости
  • Reading time:1 mins read

Пред крајот на 2019 година заврши археолошкото истражување на локалитетот Градиште – Бучинци под раководство на кустос советникот, Страхил Темов, каде во југозападниот дел од некрополата беше откриена нова гробна конструкција во која се пронајдени измешани човечки и животински коски, што претставува многу ретка појава не само во праисторијата туку и во подоцнежните епохи. Објаснувањето на оваа појава ќе бара поопширна анализа.

Во оваа кампања на археолошки истражувања исто така беа откриени остеолошки остатоци од 8 покојници, одреден број бронзен накит и една сребрена наушница. Покрај металните беа откриени и  голем број фрагменти од помали и поголеми керамички садови.

Помеѓу коските беа откриени и два човечки черепи со јасно воочливи трагови од смртоносни удари со тврд предмет.

При археолошките истражувањата во 2019, за прв пат се документирани три хоризонти на погребувања. Првиот, погребување под хумки (насип) од камења со класично положување на покојниците, втор хоризонт, 20 см. мешање на животински со човечки коски и трет слој на горење во кој покојниците се вкопани во јами.