Одржана првата прес конференција за претстојната изложба ,,100 години Требениште” во Софија, Бугарија

  • Post category:Настани
  • Reading time:1 mins read

Денес во Националниот археолошки институт и музеј при Бугарската академија на науки во Софија беше одржана првата прес конференција за престојната изложба ,,100 години од откривањето на некрополата Требениште”.

На прес конференцијата беа присутни директорот на Археолошкиот музеј на Македонија, м-р Горан Санев заедно со кустос советник м-р Перо Арџанлиев , директорот на НАИМ при БАН , доц. д-р Људмил Вагалински и директорката на Народниот музеј Белград, м-р Бојана Бориќ Брешковиќ.

Археолошкиот локалитет Требениште беше откриен случајно на 20 ти мај , 1918 год. од бугарската војска за време на изведување на градежни работи на патот помеѓу Охрид и Кичево. Откриените артефакти од некрополата Требениште се дел од поставките на Националниот археолошки инситут  во Софија, Народниот музеј во Белград и Археолошкиот музеј во Охрид. Изложбата ,,100 години Требениште” има цел за прв пат во историјата да ги претстави во целина екслузивните наоди од ова наоѓалиште.

,,Добрата вест е дека овие институции од трите соседни земји дејствуваат заедно. Некрополата е доста контроверзна и од големо значење за Балканската историја. Со оваа соработка покажуваме дека овие сериозни настани не не’ разделуваат, туку не обединуваат. ” – истакна на денешната прес конференција доц.д-р Људмил Вагалински.

Покрај најавата за изложбата , директорите на овие институции денеска потпишаа договори за соработка за проекти кои ќе се реализираат во блиска иднина.