Ни претставува чест и задоволство што нашата заложба за лицата со попреченост е препознаена од најстариот италијански технички универзитет Politecnico di Torino кој постои од 1895 година и е во фаза на истражување за пристапноста и инклузивноста во археолошките музеи и археолошките локалитети во Европа.
Денес на нивно барање се одржа виртуелен состанок со дел од истражувачкиот тим од факултетот и Ива Лабан како координатор на проектот “Пристапен музеј” и лице одговорно за односи со јавност во Археолошкиот музеј.
На состанокот се дискутираше за се’ што нудиме за лицата со попреченост, како и за следните чекори кои ќе ги превземеме.