Во рамките на двата исклучително значајни јубилеја – 100 години од откривањето на некрополата во Требениште и 95 години од основањето на Археолошкиот музеј, а по повод одбележувањето на интернационалниот ден на музеите, на 18 мај (сабота) влезот за посетителите во Археолошкиот музеј ќе биде бесплатен.