Одбележување на 95 години од основање на Археолошкиот музеј

  • Post category:Настани
  • Reading time:1 mins read

Денес, Археолошкиот музеј го одбележа јубилејот 95 години од неговото основање.
Пред многубројните гости се обратија директорката на Археолошкиот музеј, д-р Славица Бабамова, проф. д-р Коста Балабанов, проф. д-р Елеонора Петрова Митевска и заменик министерот за култура, Владимир Лазовски. По нивните обраќања беше прикажано ретроспективно видео од најзначајните проекти, археолошки истражувања и изложби кои се случиле од 1924 па се’ до денес.