,,Нов Културен Бран“ во Неолитското село, Тумба Маџари

  • Post category:Настани
  • Reading time:1 mins read

Во рамките на манифестацијата ,,Нов Културен Бран“ на 13.10.2018 година,  во Неолитското село како дел од  археолошкиот локалитет Тумба Маџари, се реализира концерт мјузикалот на ,,Силви Бенд”  насловен ,,Коштана“.

Овој музички етно перформанс  исполнет со богати кореографии беше вистинско доживување за публиката. Проектот е финансиран од Министерството за култура на Република Македонија, со цел културата да се дисперзира и во локалните средини. Неолитското село е  успешен пример за заедничка соработка меѓу здруженијата и поединците од невладиниот сектор и локалните и националните установи од културата во Македонија.