#МузејскаЕдукација преку #Цртежи

  • Post category:Настани
  • Reading time:1 mins read

👭👬Драги родители, во овие денови на изолација за #СедиДома на децата им се потребни најразлични едукативни активности.
Затоа Археолошкиот музеј на Република Северна Македонија од 13.04.2020 (понеделник) започнува со проектот
👉 #МузејскаЕдукација преку #Цртежи 🖼️
.
Преку оваа активност децата, цртајќи ги 🎨 музејските предмети кои ќе ги објавуваме, ќе се запознаат со археологијата и нашето богато културно наследство, како и со примената на тие предмети во минатото. Ве охрабруваме и Вас возрасните да се приклучите во овој креативен проект и да ги споделувате со нас вашите цртежи 😊
.
👇
Заследете го нашиот фејсбук и нов инстаграм профил
👉 arheoloshki_muzej, споделете ги цртежите со #МузејскаЕдукација преку #Цртежи и тагнете го профилот на музејот.
.
Сите деца кои ќе бидат дел од оваа иницијатива ќе бидат поканети на бесплатна едукативна работилница во нашето едукативно катче, а за возрасните кои ќе се вклучат ќе следи бесплатна посета на Археолошкиот музеј веднаш по завршувањето на вонредната состојба.