Археолошкиот музеј на Република Северна Македонија од денес ги отвора своите врати за кучиња придружници на лицата со попреченост.
Како општествено одговорна институција којa прва меѓу музеите во нашата држава ја донесува оваа одлука, апелираме дека институциите од областа на културата треба да бидат достапни секому и да придонесат за подигнување нa свеста и овозможување слободен пристап на кучињата придружници.
Археолошкиот музеј уште еднаш потсетува дека ги исполнува сите услови за непречен пристап на лица со телесна инвалидност и дека располага со лиценцирани водичи за лица со попреченост.