Многу одамна луѓето преживувале разменувајќи се со храна, животни, предмети итн., тоа бил единствен начин, бидејќи парите не постоеле отсекогаш💰
__
Првите пари се викале електрум и се појавиле пред околу 2.600 год. во едно кралство именувано Лидија кое се наоѓало на брегот на Егејското и Црното Море, лоцирано во денешна Турција. Парите биле изработувани од злато и сребро, и на почетокот на нив немалo цртеж, но подоцна на едната страна почнало да се сликаат животни.
__
После 100 години, парите се појавиле и кај нас во Македонија, а во тој период тука живееле повеќе локални племиња, меѓу кои и Пајонците. На почетокот нивните монети биле ковани само од сребро (и од повеќе пајонски племиња и заедници). На парите биле претставени сцени на животни како на пример говедо, јарец, бик, коњ, потоа квадрат, кантарос (чаша за вино), боговите Аполон, Атена, Дионис, Ѕевс, јунакот Херакле и друго.
Предната страна на монетите се вика аверс, а задната реверс.
👇
Денес во проектот #МузејскаЕдукација преку #Цртежи 🎨 Ви претставуваме како изгледале монетите во античкиот период и што се цртало на нив, а во следната објава за монетите ќе ја дознаете техниката за нивна изработка, кој одлучувал каков приказ ќе имаат и што значи нумизматиката како научна дисциплина.
__
Предизвик за цртеж бр.1️⃣2️⃣🎨:
Нацртајте некоја од прикажаните монети 😊