Денес се одржа креативната работилница ,,И јас можам” со лицата од здружението за аутизам, АДХД и аспергегов синдром, Здружение Во Мојот Свет
Интересите на здружението освен грижа и третман на овие лица, се и зголемувањето на свеста кај граѓаните и градење на општество за подобро утре, а Археолошкиот музеј со денешната работилница која беше дел од рамките на Европски денови на културно наследство потсетува колку е важна инклузијата, давањето поддршка и придонесот во изградбата на едно такво општество.
#МузејЗаСите ❤️