Бронзеното време е 4️⃣тиот период во предисторијата кој траел од средината на III милениум пред н.е. до XII век пред н.е. и претставува период на целосна стабилизација во сите сфери на општествениот живот во кој се појавила специфична и оригинална материјална култура.
Денеска преку проектот #МузејскаЕдукација преку #Цртежи 🎨 ќе ви откриеме како мажите во бронзеното време ја одржувале личната хигиена.
👇
Предметите како што се бронзени ножеви, камени острачи и бронзени игли со мали димензии, се откриваат како сет и претставуваат тоалетни реквизити (брич и острач), кои служеле за одржување на личната хигиена, поточно за дотерување на брадата кај мажите. Вообичаено се откриваат збиени еден до друг, најверојатно чувани во мала торбичка која била зацврстена со игла.
👇
Предизвик за цртеж бр.4️⃣: Нацртајте го предисторискиот човек како си ја дотерува својата брада користејки го својот сет и нацртајте ни како ја замислувате вие малата торбичка во која се чувале овие предмети 🎨