Една од работите кои ни недостасуваат од начинот на живот во 90 тите години се и поштенските марки кои се од особено значење. Тие нe’ потсетуваат на времињата кога животот не беше толку динамичен и комуникацијата најчесто се одвиваше преку писма 📮
—
За таа цел од денес во фоајето на Археолошкиот музеј за јавноста е достапна изложбата „Културното богатство во марките на Македонска пошта – археологија“ посветена на поштенските марки.
👇
“Изложбата која од денес е изложена во Археолошкиот музеј сведочи за односот на Македонска пошта кон нашето културно богатство.
Издадените тематски поштенски марки од областа на археологијата го афирмираат нашето значајно културно наследство кое со помош на марките патува низ времето и просторот.
Марките се отпечатени во период од 1996 до 2019 год. и на нив може да се видат дел од теракотните икони од Виничко кале, фрагменти од мозаикот „Приказ на вселената“, нартексот на Големата базилика на античкиот град Хераклеа, Неолитски предмети од теракота, Големата Мајка од Тумба Маџари, антички монети, антички накит, средновековни монети и златните погребни маски од Требениште.
Поштенските марки се многу интересни, но граѓаните ретко имаат можност да ги видат. Живееме во време на нови технологии во кои интернетот, како неверојатна брза комуникација со светот го завзема приматот. Сѐ поретко се пишуваат писма и се испраќаат картички. Секое општење помеѓу нас се заменува со мобилните телефони.
Целта на оваа изложба е зголемување на сознанието кај граѓаните за ова наше културно богатство, запознавање со неговата вредност, а со самото тоа грижа и чување за идните генерации.” – изјави авторот на изложбата и претседател на ИКОН, г. Климе Коробар.
—
👉Изложбата ќе биде отворена во текот на целиот месец август, и за истата нема да има официјално отворање поради почитување на мерките и утврдениoт протокол за посета на музеи.
Организацијата на изложбата е во соработка со Асоцијација за култура ИКОН, Археолошки музеј и Пошта, подготовките ги извршија Марјан Јагликовски, Марија Видеска и Васил Николовски од Археолошкиот музеј, а реализацијата на истата е финансиски поддржана од Град Скопје и Министерството за култура.