Изгледот на жените во минатото

Со антрополошките истражувања се реконструира физичкиот изглед на човекот преку неговите скелетни остатоци.
__
Денес во проектот #МузејскаЕдукација преку #Цртежи🎨 Ви претставуваме како изгледале жените во минатото.
__
🖼️1: Хронолошки најстар претставник на предисториското население во Македонија е од среден неолит. Жената откриена во Ново Село, Велес, била со животен век од 45-50 години, средна телесна градба и висока околу 161 см. Неолитските жени обрнувале особено внимание на фризурите кои биле инвентивни, комплицирани, со кокови и плетенки. За тоа сведочат бројни неолитски фигурини.
__
📍За енеолитот и бронзеното време, за жал нема антрополошки наоди кои го откриваат физичкиот изглед на жените.
__
🖼️2: Во железното време е забележан пад на просечниот век за две години. Во овој период е забележана и најголемата разлика во просечниот век помеѓу половите, цели десет години. Младата жена од Говрлево, Скопје е претставник на железновременското население. Имала нагласено нежна градба и височина до 162 см.
__
🖼️3: Римското време носи влошување на животните услови, но тоа повеќе се одразило кај машкиот пол. Кај жените е забележан пораст на просечниот век за цели три години. Матроната од Марвинци, која починала на возраст од 40-45 години, била висока 162 см и тенка. Елегантната коскена игла со која е украсена фризурата и ѓерданот се нејзини лични предмети со кои е откриена.
__
🖼️4: Средновековието носи подобрување на животните услови, се зголемува бројот на луѓе кои живееле подолго од 40 год, а просечниот век расте кај двата пола. Жената од Опила, Крива Паланка, била висока 164 см, а со тоа спаѓа во категоријата на високи жени.
__
🖼️5: И на крај младата жена од југо-западниот крај на Македонија го заокружува овој кус преглед на жените во минатото. Во мариовско Витолиште помеѓу 10 и 13 век го проживеала својот краток век.
Убавица со обетки од сребро и позлата, украсени со емајл и стаклена паста совршено прилегале на нејзиниот нежен лик, тенката и висока става.
__
Предизвик бр.1️⃣7️⃣🎨: Нацртајте го изгледот на некоја од претставените жени 😊