Интернационалниот ден на музеите веќе 43 години, започнувајќи од 1977 год, се слави на 18-ти мај со цел подигнување на свеста дека музеите се најзначајни во културната размена и презентирање на културното наследство.
__
Археолошкиот музеј презентира движно културно наследство, поточно околу 7.000 археолошки предмети откривани со археолошки истражувања на целата територија на државата во текот на изминатите 96 години и претставува најзначајна и најстара музејска установа во Македонија.
Голем број од предметите кои се дел од оваа институција се ексклузивни во светски размери.
__
Во согласност со овогодинешната тема 👉 “Музеите за еднаквоста во различностите и инклузивноста” ќе ја потсетиме јавноста за нашите активности преку кои интензивно работиме за зголемувањето на пристапноста и инклузивноста со цел презентирање на богатото културно наследство на сите посетители.
👇
Во Археолошкиот музеј како и во Неолитското село Тумба Маџари, Скопје континуирано се одржуваат едукативни работилници за лица со попреченост.

Пред една година Археолошкиот музеј како прва институција од областа на културата ги отвори своите врати за кучињата придружници за лица со попреченост. Веднаш потоа беше изработена “Анализа за пристапност” од која произлезе и добивањето на мал грант за реализација на првиот чекор од проектот “Пристапен музеј” поддржан од Балканската музејска мрежа.

Дел од првиот чекор од овој проект се и едукативните видеа на знаковен јазик кои ги објавувавме во изминатиот период, а промоцијата на останатиот дел беше предвидена за одбележување на овој ден.
Зголемувањето на пристапноста и инклузивноста останува наш најголем приоритет.