Хуманитарна акција по повод Светскиот ден за борба против сиромаштија

Археолошкиот музеј се приклучи во хуманитарната акција организирана од здружението Љубезност Вистински Дела На Љубезност Real acts of kindness за одбележување на Светскиот ден на гладта (16 октомври) и Светскиот ден за борба против сиромаштијата (17 октомври).
Освен донираната облека од страна на вработените, за оваа хуманитарна акција Археолошкиот музеј одвои и средства за набавка на храна и средства за хигиена.

Глобалните проблеми како гладот и сиромаштијата нема да се искоренат без нашата секојдневна солидарност и дадена помош на оние на кои им е најпотребна. Затоа, апелираме сите граѓани и сите институции да дадат свој придонес за подобрување на условите за живот на оваа маргинализирана категорија на луѓе во текот на целата година.

#НеИгнорирајДонирај