Класичниот период е вториот период од античката археологија и трае од крајот на V до средината на IV век пр.н.е. За активното влијание на хеленскиот свет врз развојот на популациите кои ја населувале територијата на Македонија во антиката сведочат бројните примери на разновидни ексклузивни предмети за домашна и лична употреба, донесени директно од центрите на античкиот свет: Атина, Олинт, Пела, Амфипол, Филипи итн.
__
Меѓу нив особено се издвојува хидријата 🏺 од Демир Капија (420-400 г. пр.н.е.) со претстава на Дионисовиот култ во стилот на големиот Медијас која Ви ја претставуваме денес преку проектот #МузејскаЕдукација преку #Цртежи 🎨
__
👇
Хидријата🏺е длабок сад за црпење и чување на вода. Името на садот доаѓа од грчкиот збор за вода – ύδωρ. Главно обележје на формата се трите рачки, од кои две се хоризонтални и се поставени странично, веднаш под рамото на садот, додека третата е вертикално поставена меѓу нив, и се надоврзува на високиот врат. Ваквиот распоред на рачките имал функција да го олесни налевањето на водата, но и носењето – од градската чешма до домот. Хидријата се носела (и) врз главата, со посебно “перниче” кое го ублажува притисокот.
Во Грција ваквиот тип на садови почнале да се произведуваат во 7. век пред н.е., а најголема популарност имаат во втората половина на 5. век пред н.е., кога се украсувале со различни сцени од грчката митологија и секојдневниот живот, во стилот на црвенофигуралното вазно сликарство.
__
👇
Единствениот примерок на црвено-фигурална сликана хидрија во нашата земја е откриен во Демир Капија, при изградбата на стариот магистрален пат, во 1940 год. Таа е најрепрезентативниот наод во групата на црвено-фигурални вази, украсен во разигран маниристички стил на сцена од култот на богот Дионис. Според стилските карактеристики во изведбата на ликовите, деталите и композицијата на оваа хидрија се препознава уметноста на најзначајниот од атинските керамичари – Медијас, чие ателје е носител на новиот правец во стилскиот развој на вазното сликарство од последните децении на 5. и 4. век пр.н.е.
__
Предизвик за цртеж бр.7️⃣🎨: Нацртајте ја хидријата или сликата на која е прикажана сцена како се носи и полни садот 😊