Евхаристичка гулабица – раритет на македонската средновековна црковна ризница

Доцниот средновековен период на територијата на Македонија го опфаќа периодот од крајот на XIII до крајот на XIV век. Со пропаѓањето на Византија и формирањето на Латинското царство (1204 година) на балканот се случиле крупни промени, започнала долгогодишна борба за византиското наследство која во голем дел се водела на нашата територија. Во втората половина на XIII век започнало српското освојување на македонските територии, а до средината на XIV век Македонија паднала под власта на српското кралство.

Евхаристичка гулабица
__
Во втората половина на XIV век со распаѓањето на српското царство во Македонија се формираат повеќе самостојни феудални творби: Серската држава на деспотот Јован Углеша, Прилепското кралство на Волкашин и Марко, државата на семејството Драгаши во североисточна Македонија и други помали феудални владеења кои егзистираат до паѓањето под Отоманската власт кон крајот на XIV век.
__
Во постојаната поставка на Археолошкиот Музеј, доцниот средновековен период е претставен преку многубројни наоди од бројни археолошки локалитети од кои за проектот #МузејскаЕдукација преку #Цртежи 🎨 ја издвојуваме Евхаристичката гулабица🕊️
👇

Оваа гулабица 🕊️ која Ви ја претставуваме денес е еден од раритетите на македонската средновековна црковна ризница која потекнува од 13 век и претставува вообличена симболична претстава на Светиот Дух. Изработена од бронза и украсена со емаил со техниката cloisonné, таа била користена како кадилница. Гулабицата е изработена во работилницата во Лимож, Франција за чија продукција се смета и овој примерок, каде што се изработувале и други скапоцени предмети. Единствениот познат сроден примерок на Евхаристичката гулабица се чува во Лувр во Париз.
__
Предизвик за цртеж бр. 1️⃣5️⃣🎨: Нацртајте ја гулабицата