Европски денови на културно наследство – ,,Постерот раскажувач на музејските приказни”

  • Post category:Настани
  • Reading time:0 mins read

По повод ЕДКН за 2018 година, НУ Археолошки музеј повторно ќе земе учество во оваа манифестација, така што на 27 септември ќе ги отвори вратите за слободен влез на посетителите, а оваа година својата музејска приказна ќе ја сподели со акцент на археолошките локалитети, со тема: „Постерот раскажувач на музејските приказни“.

Одбележувањето на Европски денови на културното наследство (ЕДКН) на европско ниво започна во септември 1991 година, на иницијатива на Советот на Европа и со поддршка на Европската Унија. Република Македонија се приклучи кон ова одбележување од 1996 година. Целта на манифестацијата е подигнување на свеста кај пошироката јавност за заедничкото европско наследство. Во текот на повеќедецениската реализација, Европските денови на културното наследство прераснаа во најголем европски проект поврзан со културното наследство.Така, 2018 година  од страна на ЕУ е прогласена и за Европска година на културното наследство и се одбележува под мотото „Европска година на културното наследство: Уметноста на споделувањето“.