Eдукативна работилница “Музеј – новото работно место за кое научив”

  • Post category:Новости
  • Reading time:1 mins read

Огромно задоволство ни претставува што учениците од III-4 одд од ООУ “Ѓорѓија Пулевски” – Скопје, својата годишна програма “Посета на работно место” ја реализираа во археолошкиот музеј.

Во склоп на програмата учениците имаа можност да разговараат со вработените, да се запознаат со одделите во нашиот музеј, да научат што како и каде работат археолозите, за на крај и самите тие да бидат “Мали археолози” и заедно да реализираме едукативна работилница “Музеј – новото работно место за кое научив”.