Музејската збирка во Кочани ја продолжува соработката со средните и основните училишта во градот, како и со привлекување на странски посетители. Во тековниот месец беа организирани две посети на постојаната археолошка и етнолошка поставка во просториите на Етнокуќата во Кочани.Стотина посетители, ученици и професори од неколку европски земји: Турција, Грција, Унгарија, Шпанија, Франција, Португалија, Полска, гости на гимназијата „ Љупчо Сантов“ од Кочани, преку посетата и компјутерската презентација беа запознаени со културното наследство и историскиот развој на регионот.
Домашни и странски посетители на Музејската збирка во Кочани
- Post published:февруари 18, 2020
- Post category:Настани
- Reading time:1 mins read